Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште колку сончеви денови не очекуваат?

Уште колку сончеви денови не очекуваат?

Убавото време со пријатни и доста високи температури ќе го имаме како до крајот на овој викенд, така и до средината на неделата која доаѓа, по што се очекуваат поголеми промени во временските прилики. 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со високи дневни температури. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а во западните делови повремено ќе засилува. УВ индексот ќе има вредност 6.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната температура од 28 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а во западните делови повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната температура до 34 степени.

Во понеделник над просечно топло ќе биде кон југот и истокот од земјата. Во среда и четврток ќе има зголемена облачност со појава на повремен дожд, претежно во западните делови, ќе дува повремено засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.


Слично

Поврзани вести