Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште колку пати ќе се пишмани ВМРО-ДПМНЕ за ставот

Уште колку пати ќе се пишмани ВМРО-ДПМНЕ за ставот

По неколку неофицијални и официјални одложувања, утре ВМРО-ДПМНЕ ќе има нова прилика да се изјасни за партискиот став во врска со референдумот на 30 септември за прифаќање на преспанскиот договор и отворање на блокираниот пат за пристапување кон ЕУ и НАТО.

Од ВМРО-ДПМНЕ ниту денеска не потврдуваат дека утре ќе има дефинитивна декларација, но се остава отворена можност за истата штом ќе заврши седницата на комитетот закажан за 11 септември.

- Ќе се види какво е расположението кај јавноста, ќе се дискутира сигурно, можеби состанокот ќе трае до доцна навечер, но секогаш се остава можност да се донесе и конечен став за референдумот - вели гласноговорникот Димче Арсовски.

Се очекува да биде потврдено дека раководството на партијата ќе им остави на граѓаните сами да одлучат дали и како ќе гласаат на 30 септември. Најверојатно опозицијата на членството ќе му сугерира секој сам по сопствен избор и убедување да донесе одлука околу референдумот. 

Тоа би значело дека ВМРО-ДПМНЕ ќе одбере неутрален став, односно ниту да се повика на масовна излезеност, ниту пак на воздржување и бојкотирање.


Слично

Поврзани вести