Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште едно студено утро - во Берово -18 степени

Уште едно студено утро - во Берово -18 степени

Во Македонија утрово беше многу студено при што температури под нулата се измерени во повеќето градови. 

Најстудено беше во  Берово каде се измерени -18 степени, -12 во Скопје Петровец и  Маврово, -11 во Куманово, -10 во Лазарополе и Крива Паланка, и  -9 во Струмица, Штип, Демир Капија, -8 во Скопје-Зајчев Рид, Ѓуриште, -6 во Виница, Пожаране, -5 во Дебар, Крушево, -4 во Тетово, -3 во Прилеп, Гевгелија, Тополчани, -2 во Претор, Битола, 0 Охрид.

Времето денеска беше сончево со мала облачност, во претпладневните часови со магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени, а во местата со магла ќе се задржи под нула.

Во Скопје  ќе биде умерено облачно, претпладне со слаба магла  Максималната температура ќе достигне до -2 степена.

Утре и во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени, особено утре кога ќе се спуштат во интервал од -20 до -7 степени. Претпладне по oдделни котлини ќе има појава на магла. Во вторник и среда ќе имаме повремени врнежи претежно од снег со слаб, а на места умерен интензитет. До крајот на следната работна недела дневните температури ќе бидат во опаѓање.



Слично

Поврзани вести