Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДНО СПОЈУВАЊЕ НА БАНКИ ВО СРБИЈА - третото по ред преземање

УШТЕ ЕДНО СПОЈУВАЊЕ НА БАНКИ ВО СРБИЈА - третото по ред преземање

АИК Банка успешно го заврши процесот на спојување на Еуробанк Директ и од денеска, споената банка работи под новото име АИК Банка. Со вкупна актива од 6,4 милијарди евра и кредитно портфолио од 3,7 милијарди евра, АИК банка е трета по големина банка во Србија.

Оваа банка претходно стана сопственик на Еуробанк Директ Банка во ноември 2023 година, а претходно АИК банка ги презеде Алфа банка (2017) и Сбербанк (2022), со што јасно ја покажа својата амбиција за раст и развој, пишуваат медиумите од соседството. 

Банката брои над 2.000 вработени, мрежа од 150 филијали и 550 банкомати во 54 градови низ Србија, се додава во соопштението.

„Денес, српскиот банкарски пазар добива силна и динамична финансиска институција - АИК Банка. Со комбинирање на нашите искуства, експертиза и подготвеност за иновации, создаваме банка која не само што е поголема, туку и подобра“, изјави Петар Јовановиќ, претседател на Извршниот одбор на АИК банка.

АИК банка е членка на регионалната групација АИК, која вклучува и: АИК лизинг и МВ инвестиција во Србија, Горење банка и ГБ лизинг во Словенија, а која е во процес на купување на мнозински удел во Хипотекарна банка во Црна Гора.

Слично

Поврзани вести