Уште едно одложено судење каде премиерот е обвинет за „Поткуп“
Јавната седница за „Поткуп“ е одложена на неопределено време.
За видео снимките од кабинетот на тогаш градоначалник Зоран Заев ќе се расправа, но кога ќе биде назначен нов судија известител.
Судијата Африм Фидани кој постапуваше по овој предмет е избран да суди во Врховниот суд и тоа е причината за денешното одложување, пренесоа дел од медиумите.
Во случајот „Поткуп“ премиерот Зоран Заев е осомничен за барање и за земање поткуп во висина од околу 200.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, во врска со легализација на земјиште.
Одбраната и Заев бараат снимките да не бидат доказ бидејќи веќе биле објавени во јавноста, односно делови од нив биле ставени на видеосервисот „Јутјуб“, а потоа преземени и објавени од медиумите.
