Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште едно обвинение за 27 април, познат тепачот на Ременски

Уште едно обвинение за 27 април, познат тепачот на Ременски

Бранко Василевски е човекот кој физички и вербално ја малтретирал пратеничката Форсина Ременски за време на собраниските инциденти на 27 април лани и добил обвинение надвор од групата на сегашните 33-ца кои веќе седнаа на обвинителна клупа за „крвавиот четврток“, дознава 1ТВ.

Во  обезбедените документи пишува дека се заканалувал, но и дека и нанел физички повреди на функционерката од СДСМ. Обвинителството за Бранко Василевски до Кривичниот суд испратило предлог обвинеие, а тој е обвинет за кривичното дело „насилство“.

„Ременска, шиптарке, предавничке, готова си!“,  за во исто време да ја удира со нозете по рацете и стомакот, но Ременски не молчела: „Дали не ви е срам, татко можете да ми бидете!“, Василевски и вратил: „Ма каков татко, за предавници само гроб, ќе ве убиеме сите до еден!“.

По ваквите удари пратеничката Ременски добила повреди во стомакот и на кожата од рацете, пишува во обвинението кое го обезбеди 1ТВ. 

Слично

Поврзани вести