Уште едно дете прегазено во Ѓорче Петров
Улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров навистина прераснува во црна точка во скопскиот сообраќај откако вечерва е прегазено уште едно дете.
Според првичните информации автомобил удрил во 10 годишно дете кое било пренесено веднаш со повреди на скопските клиники. Засега не се знае во каква состојба се наоѓа.
Ова четврта сообраќајна несреќа во последните месеци на истата улица во Ѓорче Петров каде се прегазувани деца.
Полцијата врши увид на несреќата, а група на граѓани излегла на улицата во знак протест.
Слично
