Уште едно дете почина од компликации од мали сипаници
Бебе од десет месеци вчера починало на Клиниката за детски болести, од компликации од мали сипаници. Лекарите велат дека детенцето околу 20 дена се лекувало од комликации од морбили, со тешка состојба на бронхопневмонија.
Инаку оваа е четврта жртва во земјава како последица на компликации од морбили, од прогласувањето на епидемијата во Македонија.
Лекарите од инфективната клиника велат дека во моментов 39 пациенти се лекуваат на клиниката од мали сипаници, од кои 16 деца и 23 возрасни.
Епидемиолозите апелираат постојано родителите да ги вакцинираат своите деца, бидејќи вакцината е единствен метод за заштита од морбили. Првата доза за примање на МРП вакцината за време на епидемијата е препорачливо да се прима на наполнети 6 месеци, додека втората доза треба да ја примат деца со наполнети 6 години.
Слично
