УШТЕ ЕДНИ КАМЕРИ ВО СКОПЈЕ: Еве каде ќе се поставуваат
Откако малолетни вандали беа снимени и објавени на социјалните мрежи како кршат детско игралиште во општина Аеродром, градоначалникот на општината, Дејан Митески, објави дека ошптината работи на поставување на камери на детските игралишта со кои ќе се спречи понатамошно уништување на детските реквизити но и на урбаната опрема.
„Секое искршено игралиште е штета за сите граѓани, особено за најмладите.
Затоа, покрај реконструкцијата на постојните спортски и детски игралишта, работиме на проект за поставување видео надзор. Нашата цел не е само да поправаме, туку и да спречиме уништување на заедничкиот имот.
Аеродром заслужува уредени и безбедни простори кои ќе останат зачувани за идните генерации“, објави тој.
Слично
