УШТЕ ЕДНАШ СЕ ОДЛОЖИ СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ ПЕНДИКОВ: На првообинетиот доктори му одредиле строго мирување
Се одложи денешното судско рочиште за претепувањето на секретарот на бугарскиот културен клуб Христијан Пендиков во Охрид.
На првообвинетиот Илија Спасески, од страна на лекар специјалист му било одредено боледување со мирување во времетраење од најмалку 15 дена. Заради тоа, следното рочиште е закажано за крајот на летото.
Адвокатите на одбраната приложија медицинска документација и побараа од судот да му го врати одземениот пасош на првообвинетиот за тој да може да се лекува во странство, но судот го одби нивното барање.
На новинарски прашања за тоа дали Пендиков се чувствува безбеден во земјава и дали добивал закани, тој рече дека секојдневно добива закани на социјалните мрежи кои уредно ги пријавува до МВР, но и до ОБСЕ.
