Уште еднаш се бара притвор за синовите на екс-градоначалникот на Петровец
Скопското обвинителство и натаму бара притвор за браќата Александар и Јорадан Цветковски, синовите на екс-градоначалникот на Петровец, Ѕвонко Цветковски, кој учествуваше и на последните локални избори како кандидат на СДСМ но загуби од Жика Стојановски.
Браќата го избодеа полицаецот Филип Филиповски во дискотека во скопско Марино и го доведоа во животна опасност. Обвинителството до Кривичниот совет поднело нова жалба со барање браќата да бидат притворени, откако претходно им биле одредени само алтернативни мерки, јавува 24 Вести. Судот истовремено му забележа на обвинитеството дека 20 дена не бил повикан ниту еден сведок за овој инцидент.
Тие се осомничени за тешка телесна повреда и помагање, но можно е делото да се преквалификува во обид за убиство по утврдување на видот и карактерот на повредите.
Филиповски 11 дена лежеше на КАРИЛ, а го загуби и едниот бубрег и слезината. Ѕвонко Цветковски инаку е вработен во МВР. како советник.
