УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Продолжува црниот биланс на патот Кичево - Охрид
Едно лице го загуби животот а има и повредени во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на аеродромот во Охрид.
Сообраќајката се случила во близина на селото Оровник. Во незгодата учествувале два автомобили марка Цитроен и Ауди, од кои едниот со македонски, а другиот со албански рагистарски таблички.
Во првите шест месеци од 2025 година, на патниот правец од Скопје до Охрид се случиле вкупно 124 сообраќајни несреќи, во кои загинале 7 лица, а 155 биле повредени. Од повредените, 27 добиле тешки телесни повреди, додека 121 поминале со полесни, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Слично
