Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Почина една од жените повредени во Романовце

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Почина една од жените повредени во Романовце

36 годишната жена која беше повредена при експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце, денеска починала. 

Таа е петтата жртва во трагедијата која се случи во неделата. 

Од експлозијата на плинската боца претходно загинаа три деца на возраст, од осум, девет и единаесет години и 58-годишен маж.

Во Куманово вчера беше Ден на жалост поради несреќата која се случи во Романовце. 

Од противпожарните служби советуваат граѓаните да бидат многу внимателни кога ракуваат со плинска боца. 

Слично

Поврзани вести