Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани - почина Александар Карадаковски

Уште една жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани - почина Александар Карадаковски

Почина Александар Карадаковски, кој бил управител и шанкер во дискотеката „Пулс“ во Кочани и кој беше на лекување во Литванија. 

Ова е 60-тата жртва од катастрофалниот пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Карадаковски, бил управителот на фирмата „МММ Кафе дооел“, кој што управувал и со дискотеката „Пулс“ во Кочани, но беше укажано дека тој бил управител само во документацијата, а во дискотеката работел како шанкер.

Карадакоски беше еден од десетиците повредени пациенти кои беа пренесени во странство. Тој и уште тројца пациенти беа пренесени на лекување во Литванија.

Информацијата дека пациент од пожарот во Кочани, испратен на лекување во Литванија ја потврди доктор Игор Николов, координатор за состојбата на повредените пациенти кои се на лекување во странство, без да открива име на починатиот.

За денеска во 13 часот, како што најави Николов, состанок ќе одржи и Кризниот штаб по што се очекуваат повеќе детали. 

Карадаковски е 60-та жртва од трагедијата која што силно го погоди Кочани и цела Македонија.

Се очекува официјална потврда од надлежните денеска.

Вечерта кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани настапуваше групата ДНК.

Во пожарот починаа шест лица кои доаѓаат од бендот и нивната придружба, меѓу кои и пејачот на бендот Андреј Ѓоргиески.

Загинаа 59 лица, а речиси 200 беа повредени.

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести