Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една жртва на поларниот студ - почина струмичанец

Уште една жртва на поларниот студ - почина струмичанец

Од премрзнување од студ во саботата починал 60 годишниот Трајко Трендов од Струмица.

Телото на мртвиот маж кој лежи неподвожен во дворот го забележал сосед, по што полиција. По пријавувањето веднаш била формирана увидна екипа, јавен обвинител и лекар која извршила увид на лице место. По извршениот преглед е констатирано дека смртта настапила како резултат на смрзнување од студ. 

Ова е втора жртва на поларниот студ во Македонија. 

Бездомник на возраст од 68 години деновиве е пронајден починат во скопската населба Аеродром. Најверојатно починал од студ. 

И во наредните денови ќе имаме студено време, а благ пораст ќе има од среда.

Во Берово деновиве беше најстудено и беа измерени -28 степени. 

Слично

Поврзани вести