Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Дете почина од грип

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Дете почина од грип

Грипот однесе уште една жртва во земјава. 

Дете на возраст од 14 години почина од грип на Инфективната клиника. 

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете. Претходно детето боледувало и од церебрална парализа, велат од Министерство за здравство.

Податоците од Институтот за јавно здравје, покажуваат дека до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 случаи со симптоми на грип.

Ова е петти регистриран смртен случај од грип сезонава.

Претходно починаа девојче на возраст од 12 години, 5 годишно дете, 24 годишна девојка, и повозрасен маж. 

Слично

Поврзани вести