Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една жртва на поплавите – почина старец

Уште една жртва на поплавите – почина старец

88-годишниот Саит Амети од Сингелиќ починал во сабота како последица на тешка инфекција на белите дробови, објави Алсат-М.

Неговиот син, Газменд Амети, пред камерата на Алсат-М ги опишува трогателните моменти кога татко му бил пронајден во дворот речиси мртов.

Покуќнината на ова  семејство  е целосно уништена, а во куќата се уште има кал и вода. Од надлежните, единствени што го посетиле ова семејство, се членовите на Комисијата за проценка на штетите.

Старецот е 23 жртва на невремето, претходно 22 луѓе се удавија во поплавите.

Слично

Поврзани вести