Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една зголемена давачка – илјадници мали фирми ќе плаќаат ДДВ

Уште една зголемена давачка – илјадници мали фирми ќе плаќаат ДДВ
Владата предлага измени во Законот за данокот на додадена вредност, со кои се зголемува опфатот на фирми-обврзници за плаќање ДДВ. Според измените, се намалува прагот на фирмите што се задолжени да се регистрираат за плаќање на ДДВ - обврска да плаќаат ДДВ од 1 јануари ќе имаат сите со промет од над 16.000 евра, а досега имаа  фирмите со промет поголем од 32.000 евра. Измените се очекува да опфатат илјадници мали фирми и други правни лица. „Мерката ќе придонесе за намалување на бројот на субјектите кои не пресметуваат ДДВ, а чија дејност овозможува повисока додадена вредност (услужните дејности). Се очекува со ова решение да се обезбеди зголемување на лојалната конкуренција на пазарот“, стои во образложението на предлог-законот. Според последните податоци на УЈП, во Македонија има околу 126 илјади правни лица и скоро 190.000 вршители на дејност. Од нив, досега регистрирани даночни обврзници за цели на ДДВ беа околу 34.000. Засега нема информации за колку точно ќе се зголеми бројот на даночни обврзницисо новото законско решение. Лани, од даноци во Буџетот биле собрани околу 900 милиони евра, од кои најголем дел, околу 650 милиони евра, од ДДВ.
Слично

Поврзани вести