Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една жена тешко се повреди во двокатен автобус на ЈСП

Уште една жена тешко се повреди во двокатен автобус на ЈСП

Скопјанка се здобила со тешки телесни повреди како патник на Јавниот сообраќањен превоз - Скопје при нагло кочење на двокатниот автобус.

Патничката се здобила со тешки телески повреди откако паднала во автобусот по што била префрлена во болница. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

„На 18.05.2021 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, при сопирање на автобус „јутонг“ на ЈСП, управуван од С.К.(54) од Скопје, патничката С.Н.(56) од Скопје паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, гласи соопштението на МВР.

Претходно пред две години жена исто така се здоби  со тешки телесни повреди кога се лизнала и паднала на скалите на двокатен автобус на ЈСП, при што беше пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Слично

Поврзани вести