Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една жена ранета во Тетово од заталкан куршум

Уште една жена ранета во Тетово од заталкан куршум

За неколку дена уште еден случај на повреда од заталкан куршум, а овој пат погодена е жена на возраст од 69 години ранета во левата натколеница, по што и е направена операција, соопшти полицијата.

Имено, дежурен лекар од Клиничкиот центар во Тетово пријавил дека кај нив е донесена жена со повреда здобиена од огнено оружје.

Од извршениот разговор со повредената, истата изјавила дека истиот ден околу 22.30 часот откако излегла од домот и се упатила кон куќата на нејзиниот брат, најпрво слушнала истрел од огнено оружје, кој доаѓал од непознат правец, а потоа почувствувала болка во пределот на левата надколеница, по што паднала на тротоарот пред куќата сопственост на А.Џ. и со приватно возило била пренесена во Клиничкиот центар – Тетово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести