Уште една земја прифати да не нарекува Република Северна Македонија
Обединетото Кралство е уште една земја која го прифати новото име на Македонија, откако Владата на нашата држава побарала од Владата на Обединетото Кралство да го прифати и користи името и термините наведени во членот 1 (3) од Преспанскиот договор.
Според она што може да се прочита од изјавата на страницата на Владата на Обединетото Кралство, е дека се наведува оти Преспанскиот договор е историски момент за двете земји.
Секретарот за надворешни работи Џереми Хант посочува дека му е драго што ќе ја продолжат соработката Северна Македонија и со Грција на билатерална основа, како и во Северноатлантската Алијанса во интерес на европската безбедност
Слично
