Уште една земја ја стави Македонија на „црвената ковид листа”
Романија ја стави Северна Македонија на „црвената ковид листа”.
Државата ja ажурираше „црвена листа” на земји или области со висок епидемиолошки ризик од коронавирус и таа стапува во сила на 5 септември, објави романската агенција Агерпрес. Романскиот национален центар за надзор и контрола на заразни болести (ЦНСУ) на црвената листа ја вклучи и нашата семја, според највисоката кумулативна стапка на инциденција на „Ковид-19″. На „црвената листа” се и Србија, Црна Гора, како и Естонија, Албанија, Тунис, Маурициус, Јамајка, Либан, Палестина, Белизе, Антигва и Барбуда, Суринам и Брунеи.
Македонските граѓани се ограничени при патување.
Слично
