Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една земја го комплетираше приемот на Македонија во НАТО

Уште една земја го комплетираше приемот на Македонија во НАТО

Полска е 12-та земја која го ратификуваше пристапот на Македонија како 30-та членка на НАТО.

Сенатот на Република Полска, денеска во Варшава, на седница, на која присуствуваше и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ја изгласа согласноста.

„Голем мерак да се присуствува на ратификацијата на пристапниот протокол за нашето НАТО членство во Сенатот на Полска. Убави зборови, едногласно ЗА - 59 ЗА од вкупно 59 присутни!“, се заблагодари Димитров на Фејсбук.

Како што соопшти МНР, по минатонеделното гласање во полскиот Сејм, со денешната согласност во Сенатот, Полска и формално го заврши процесот на ратификација на Пристапниот протокол,  како 11-та по ред од земјите-членки на НАТО.



Слично

Поврзани вести