Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една земја дозволува влез на македонски државјани без тест и без карантин

Уште една земја дозволува влез на македонски државјани без тест и без карантин

Од четврток, Македонците можат да патуваат без тест или карантин на Кипар. 

Македонија за три дена ќе биде преместена од портокаловата во зелената листа за патување на Кипар, што значи дека македонските државјани ќе можат да патуваат на островот без никакви ограничувања, односно без тест или карантин, јави дописничката на МИА од Атина. Македoнија, заедно со Канада и Србија, од втората, преминуваат во првата категорија. Во првата (зелена) категорија, односно „земји со ниска опасност”, нашата земја е заедно со уште 27 држави, односно Австрија, Бугарија, Германија, Естонија, Италија, Хрватска, Латвија, Литванија, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шведска, Чешка, Монако, Ватикан, Швајцарија, Исланд, Норвешка, Австралија, Јордан, Израел, Канада, Нов Зеланд, Србија и Сингапур и за државјаните на овие земји, не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација.

Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Од новозаболените од Скопје се четворица, Тетово исто така четворица, а од Кичево еден.

Слично

Поврзани вести