Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една затворска казна за случајот „Двојник“ со изработката на лажни пасоши

Уште една затворска казна за случајот „Двојник“ со изработката на лажни пасоши

Уште еден од обвинетите во случајот „Двојник“ за изработка на пасоши со лажен идентитет во државната управа се изјасни за виновен за злоупотреба на службената положба.

По ова, на Шемседин Јашари му беше одредена затворска казна од 1 година и 7 месеци. Пред два дена уште шест лица признаа вина за оваа афера од вкупно 11 обвинети. За останатите четворица судскиот процес е во тек.

Денис Баруфи, Ален Личина, Ѓорѓе Велков, Фарук Биља и Раиф Мифтари,во средата пред судот рекоа дека се чувствуваат виновни за делото и доброволно ја признаваат вината како обвинети за изработка на пасоши со лажен идентитет за лица од регионалното подземје.

Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска и Шемседин Јашари, рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар, по што постапката за нив беше раздвоена и продолжува на 7 мај годинава.

Во овој случај има 11 обвинети кои во полицијата за пари изработувале 215 лажни пасоши од јуни 2017 до крајот на 2020 година.


Слично

Поврзани вести