Уште една тура куќен притвор за Мијалков
Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, останува во куќен притвор како и сите останати обвинети во случајот „Империја“.
Ваквата одлука ја донесе Kривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Како што соопштија од судот, постапувајки по предлог на Јавното обвинитество за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за продолжување на мерката куќен притвор во случајот за јавноста познат како „Империја“, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје го прифати предлогот и на лицата С.М. Ј.К. Н.Ј. Ч.П. Т.М. и З.А. им ја продолжи мерката куќен притвор.
Слично
