Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО ЃЕРЃЕВИ: Почина дедото на двете момчиња, позитивно на ковид е и третото братче

УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО ЃЕРЃЕВИ: Почина дедото на двете момчиња, позитивно на ковид е и третото братче

По двете моммчиња од Кавадарци, кои на 21 и 26-годична возраст починаа од корона вирусот на Инфективната болница во Скопје, во последното деноноќие почина и нивниот дедо. Позитивен на вирусот е и нивниот трет брат.

Ова го потврди за Фактор директорот на Општата болница во Кавадарци, д-р. Диме Коцев, кој рече дека пациентот бил со неколку сериозни коморбидитети.

-Во болницата во Кавадарци во последните 24 часа починаа двајца пациенти. Едниот од нив е дедо на момчињата Ѓерѓеви кои имаа сериозни компликации од ковид и не ја издржаа борбата со вирусот поради нивната хронична болест, апластична анемија. И нивниот дедо имаше повеќе коморбидитети, по што за жал и тој почина. Во ова семејство, позитивен на вирусот е и третото братче. Но, за среќа се уште нема побарано болнички третман. Оттука претпоставувам дека има полесна клиничка слика, па неговата здравствена состојба се следи кај матичниот лекар, изјави за Фактор, д-р. Коцев.

Претходно, како што вели директорот на кавадаречката болница, заразен со корона вирусот бил и нивниот татко, но и на него не му била потребна хоспитализација, а оттогаш се поминати две недели.

А.Б.

Слично

Поврзани вести