УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Прегазен пешак во Ѓорче Петров
Уште една лоша вест во Македонија.
Имено, жена околу 11 часот денес била прегазена од автомобил кај пазарот во скопската населба Ѓорче Петров.
Очевидци за Курир посочуваат дека по несреќата, повредената жена веднаш била пренесена во болница со возило на Итна медицинска помош.
Од МВР за Курир информираат дека кај нив е пријавена сообраќајна несреќа во која автомобил „Ауди“ со скопски регистерски ознаки удрило во пешак, женско лице.
Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата. Засега нема детали за идентитетот на лицата вклучени во сообраќајката, како и за карактерот на повредите на пешакот.
Слично
