Уште една сообраќајка на новиот експресен пат Градско - Прилеп, загина брачен пар
На клучката Дреново – Фариш вчера повторно се случи тежок инцидент со фатални последици.
Загина брачен пар со што се зголеми црната статистика на оваа делница.
Овој патен правец уште од неговото отворање е точка на бројни несреќи, од кои дел завршиле со смртни последици.
И покрај бројните реакции и апели од страна на возачи и жители од регионот, досега не се преземени конкретни мерки за подобрување на безбедноста – ниту дополнителна сигнализација, ниту инфраструктурни интервенции.
Експресниот пат Прилеп–Градско беше затворен за сообраќај поради несреќата.
Слично
