Уште една смена на директор на затворот Идризово
Откако СДСМ дојде на власт во најголемиот затвор во Македонија се променија неколку директори, па така и сега назначен е нов в.д. директор кој ќе го води Идризово без постајно назначување на мандатот.
За нов в.д. директор е избран Боби Мојсоски, кадар на СДСМ од Кичево.
Мојсоски е назначен на последната владина седница. Тој доаѓа на местото на Антонио Димов, кој на оваа позиција беше назначен во февруари годинава.
Димов останува на функцијата се додека назначувањето на неговиот наследник Мојсоски не биде објавен во Службен весник.
Боби Мојсоски досега беше директор на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија.
Слично
