Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една „шлаканица“ од ЕУ за Северна Македонија: Датум за преговори кога?

Уште една „шлаканица“ од ЕУ за Северна Македонија: Датум за преговори кога?

Не се знае дали Северна Македонија за еден месец ќе добие датум за преговори за влез во Европската унија.

Ова стана јасно од пораката на европскиот амбасадор Самуел Жбогар кој јасно кажа дека тој не може да соопшти дали ќе добиеме датум во јуни или нема.

„Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни. Тоа е одлука на земјите членки. Време е да се покаже единство за целта и да се интензивираат напорите. Прво да се почнат преговорите, а второ да се оди напред во преговорите“- рече Жбогар.

Тој потенцираше за предизвиците со кои во моментов се соочува ЕУ а тоа се парламентарни избори, нова комисија и нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината.

Слично

Поврзани вести