УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје
Од Град Скопје бараат МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата кои се под надлежност на Град Скопје.
Градот Скопје сака да ги извести вработените во училиштата под надлежност на Град Скопје дека уште на 27 август е пуштен налог за исплата на додаток на плата – регрес за годишен одмор.
„За да ги добијат овие средства за регрес за годишен одмор вработените во училиштата под надлежност на Град Скопје, Министерството за образование и наука треба да ја одобри исплатата извршена од Град Скопје“, велат од Град Скопје.
Обвинуваат дека со оваа политички мотивирана одлука со која се блокира исплатата на регресот од Министерството за финансии, директно се наштетува на вработените во образовните институции.
Парите за регрес од годишен одмор за 2024 година за училиштата под надлежност на град Скопје се планирани и обезбедени со Буџетот на Град Скопје за 2024 година, усвоен уште на крајот од 2023 година.
