Уште една пратеничка поднесе оставка од Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ
По оставката од претседателската функција претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на пратеничката Даниела Рангелова, оставка дојде и од генералната секретарка.
Лилјана Затуровска е пратеничката која и се придружува на Рангелова а на Фејсбук таа пишува:
„Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше. Рангелова и тимот ја поставија унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи. Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува. Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ке ја предводи унијата . Стојам на располагање на мојата партија почитувајки ги и извршувајки ги одуките и активности кои ке ми бидат доверени во иднина. ДА ЖИВЕЕ ВМРО ДПМНЕ И УЖ НА ВМРО ДПМНЕ“, пишува Затуровска на Фејсбук.
