Економија, финансии, бизнис

Контакт

„УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ДЕКА КАЈ МЕНЕ ЗБОРОТ Е ЗБОР“: Ѓорѓиевски повторно се огласи за EXIT фестивалот

„УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ДЕКА КАЈ МЕНЕ ЗБОРОТ Е ЗБОР“: Ѓорѓиевски повторно се огласи за EXIT фестивалот

Градоначалникот на општина Кисела Вода, кој ќе биде кандидат за градоначалник на град Скопје поддржан од матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски останува на своето тврдење дека фестивалот „EXIT“ во иднина би се организирал и во Македонија, или поточно во главниот град, Скопје. 

- Уште една потврда дека кај мене зборот е збор!

Скопје е мора да биде град кој живее и навечер, град во кој младите ќе имаат простор за ноќен живот, забава и култура.

Град кој пулсира и дава енергија.

И заедно ќе успееме во тоа! - напиша на Фејсбук, споделуваќи линк до фестивалот, но и со напомена, најдоброто доаѓа. 


На оваа објава доби голем број коментари, имаше и поддржувачи и советници, но и такви кои укажаа дека официјално организаторите демантираа дека фестивалот би се преселил во Скопје. 


Слично

Поврзани вести