УШТЕ ЕДНА МУЗИЧКА ЛЕГЕНДА НЕ ЈА ИЗДРЖА БИТКАТА СО КОВИД: „Како Вардар ќе дотечам“, пееше Зафир Хаџиманов
Музичката легенда
Зафир Хаџиманов е меѓу многумината кои не ја издржаа борбата со корона вирусот.
Почина денеска на 77-годишна возраст поради компликации од Ковид-19.
Роден е во Кавадарци, но својот животен век го мина во Србија, каде беше долги години во брак со пејачката и актерка Сенка Велетановиќ. Нивниот си Васил Хаџиманов, е ксто така познат џез музичар.
На Зафир Хаџиманов засекогаш ќе останат запаметени песните „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“. Во 2007 година бил промовиран за почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.
Во текот на неговата повеќедецениска уметничка кариера има и неколку филмски улоги, меѓу кои и главната улога на Спасе во „Македонска крвава свадба“. Хаџиманов е познат во целиот регион и по неговите настапи на безброј фестивали во поранешна Југославија.
