УШТЕ ЕДНА МЛАДА ЖРТВА НА КОВИД: Почина 22 годишното момче од Прилеп, на инсулинска терапија беше од дете, а вирусот направи сериозни компликации
Стапката на
смртност во Македонија не се намалува. Секојдневно бројките се двоцифрени. Од
вчерашната статистика, за последните 24 часа броиме 22 починати поради
компликации од ковид-19 и дополнително уште петмина кои починале во изминатите
денови. Меѓу нив има и момче на возраст од 22 години од Прилеп.
Фактор неделава веќе пишуваше дека ова момче е само едно од многуте трансфери во ГОБ „8 Септември“ од болниците ширум градовите.
Пред само четири дена од Општата болница-Прилеп донесен е во Скопје во исклучително тешка состојба, со крајно сериозна форма на болеста. Момчето имало дополнителен коморбидитет-Дијабет Тип 1, односно било на инсулинска терапија. Според докторите, ова негово хронично заболување не било регулирано како што треба, коморбидитетот не бил ставен под контрола заради што настанале и компликациите по инфекцијата со корона вирусот.
За високата стапка на смртност постојано алармираат македонските експерти кои цели две години ја следта состојбата со епидемијата на корона вирусот. Професорот Никола Пановски уште еднаш посочи дека стапката на смртност поради компликации од ковид во Македонија е високо на врвот во светски рамки.
-Делта доминира. Останува дека нашата смртност е далеку прва во светот. Тука има влијание вакцината, начинот на лекување. Процентот на починати, пред се заради протоколи и правилно лекување и стекнатите искуства се гледа дека се намалува во светот. Моментално имаме четири милиони дневно заразени. Кривата оди нагоре. Имаме околу 10.000 смртни случаи на ден. Процентот на починати во светот е помал. Мислам дека се заштитени оние кои се прележани во пеиридот ноември декември и ако примиле во истиот период трета доза, изјави микробиологот Пановски пред два дена во емисијата Студио 10.
А.Б.