Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една кривична пријава за Рамиз Мерко

Уште една кривична пријава за Рамиз Мерко

ОВР Струга поднесе кривична пријава против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко  „несовесно работење во службата“,откако библиотекар назначувал за директор на основно училиште.

„Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение со кое  А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село. Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години  работно искуство во училиштето,  не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање на англиски јазик“, објави МВР.

Овие неправилности биле утврдени при контрола на Државниот просветен инспектор, извршена на 20.06.2024, при што дополнително било констатирано дека Мерко после донесување на одлука на училишниот одбор, не објавил оглас за избор на директор.

Со тоа на А.О. противправно му овозможил  да добие решение за в.д. директор  и остварување парична корист кои му биле исплатени по основ на плата и придонеси.


Слично

Поврзани вести