Уште една измама со лажна сообраќајка, во Чашка измамен 74-годишник за 14.000 евра
Пензионер од Чашка вчера бил измамен и му биле одземени 14.000 евра за лажна сообраќајна несреа, во која му било пренесено дека учествувала неговата ќерка.
- На 17.09.2025 во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција.
Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Слично
