Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една група од 43 Авганистанци си замина од Македонија

Уште една група од 43 Авганистанци си замина од Македонија

Од земјава заминаа уште 43 Авганистанци. 

Тие oтпатуваа откако им е обезбедена потребната документација за влез во трета земја која ќе им обезбеди траен престој. Сега во земјава се згрижени 505 авганистански граѓани, а 128 заминаа во Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.

„Нашите институции во текот на привремениот престој овде им ја овозможија целата потребна поддршка, а трошоците беа покриени од меѓународните организации“, велат од Владата.

Авганистанците беа спасени во рамки на голема меѓународна операција за помош на цивили кои се под закана од новиот талибански режим во Авганистан.

Деновиве седум граѓани на Авганистан од земјава заминаа во Португалија. 

Во регионот, Македонија, Косово и Албанија прифатија бегалци од Авганистан. 

Слично

Поврзани вести