Уште една голема блок трансакција со акциите на Комерцијална
Акциите на Комерцијална банка продолжуваат да бидат атрактивни хартии од вредност за инвеститорите, па така не застанува серијата на блок трансакции извршени преку Македонска берза.
Овој пат преку блок трансакции се купени 6.349 акции од Комерцијална банка АД Скопје со поединечна вредност од 2.420 денари по акција. Вкупната трансакција има вредност од 15.364.580 денари што е отприлика 250 илјади евра.
Овој пакет на обични акции со право на глас претставува 0,28% од основната главнина на друштвото Комерцијална банка АД Скопје.
Слично
