Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една дадилка тепала деца

Уште една дадилка тепала деца

Уште една дадилка е снимена како тепа деца. 

Обвинителството бара притвор за дадилката која завчера во полиција е пријавена дека малтретирала две деца близначиња.

Н.С.(33) од Скопје, пријавила дека нејзините деца близнаци во нејзиниот дом на ул.„Загрепска“ биле физички и психички малтретирани од А.К.(55), која била ангажирана како нивна дадилка.

Дадилката која е на возраст од 55 години се гони за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Во период од 1 до 27 ноември дадилката чувала две тригодишни близначиња, но додека ги чувала, без причина физички ги напаѓала со удари по главата и кубење на косата.

Сето ова е снимено и документирано на безбедносните камери кои ги поставила мајката во домот.

Пред една недела во игротека во трговскиот центар Капитол, беше снимена негувателка на возраст од 59 години, која тепа  двегодишно дете. Оваа дадилка доби 30 дена притвор. 

Слично

Поврзани вести