Уште еден земјотрес го затресе Дојран
Уште еден земјотрес го стресе Дојран.
Земјотрес со јачина од 4 степени попладнево во 18 часот и 36 минути е регистиран во близина на градот Дојран.
Потресот беше со епицентар на 9 километри северо-источно од Стар Дојран и на длабочина од 2 километри.
Овој земјотрес е почуствуван и во соседна Грција.За 24 часа во Македонија имаше повеќе земјотреси и тоа во јужниот дел. Се тресеше Дојран, но и соседните општини.
Слично
