Уште еден „вештачки“ земјотрес во зграда на „Адора“
Со „вештачки земјотрес“ компанијата Адора Инженеринг и Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИС, уште еднаш научно ќе ја докажуваат стабилноста на станбените објекти, изградени од оваа градежна компанија
Од компанијата информираат дека утре, 28-ми февруари, петок, во 11.30 часот, практично ќе се тестира сигурноста на новоизградениот станбен објект на Адора Инженеринг на улица „Методија Шаторов Шарло“ бр. 23 во општина Аеродром, до црквата Свети Илија во Скопје.
Тестирањето е согласно новите измени на Законот за градење и по повод Саемот за градежништво и Саемот на недвижнини RealExpo 2014.
„Адора Инженеринг“ е првата и единствена компанија која во независна Македонија ја докажува врвната асизимичка стабилност на станбените објекти со „вештачки земјотрес“, градежништвото и високоградбата во Македонија.
Слично
