Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден сосед ја призна Северна Македонија

Уште еден сосед ја призна Северна Македонија

Владата на Србија на седницата од вчера одлучи во иднина во комуникацијата со официјално Скопје да го користи терминот Република Северна Македонија или скратено Северна Македонија.

Владата на Србија го усвоила Заклучокот за користење на името Република Северна Македонија, врз основа на известувањето на владата на Македонија до сите членки на ОН за промената на името.

Со оглед на тоа дека Србија има добри и развиени односи со таа соседна земја, а дека промената на името е спроведена на правно валиден начин, Владата ја констатираше промената на името и во идната комуникација ќе го користи новото име на својот сосед, се наведува во соопштението на Канцеларијата на Владата на Србија за соработка со медиумите, пренесоа српските медиуми.

Слично

Поврзани вести