УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ: Полицијата трага по непалски работници кои работеле во Скопје
Исчезнаа непалски работници во земјава. Се работи за два одвоени случаи. Полицијата трага по 7 Непалци, кои работеле во Скопје.
Љ.Џ. (36) од Скопје вчера околу 15:45 часот пријавил дека две лица од Непал, кои биле вработените во фирма каде тој е овластено лице, се оддалечиле од хотелот каде престојувале.
Сопственикот на фирма од Скопје, М.Н.(41) од Скопје, вчера во 14 часот пријавил дека пет лица од Непал, кои биле вработени кај него, се оддалечиле од подрачјето на општина Аеродром. И претходно имаше вакви случаеви во Скопје и Прилеп. Работници од Непал, Индија, Филипини и други земји има во Македонија.
Слично
