Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден заболен од западнонилска треска во Македонија

Уште еден заболен од западнонилска треска во Македонија

Средовечен маж е втор случај годинава кој бил примен како заболен од западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести, потврдуваат од таму за Сител.

Станува збор за професионален возач од Скопје, а хоспитализиран бил откако  дијагнозата лабораториски му била потврдена пред два дена, но сега е во добра здравствена состојба и деновиве ќе биде пуштен на домашно лекување. 

Заболениот возел надвор од границите на земјата и како што им кажал на лекарите, не почуствувал кога бил каснат од комарец. На клиниката на одделот за интензивна нега веќе две недели е и 66 годишниот скопјанец со западно нилска треска кој заврши во болница со воспаление на мозокот, но овој пациент се бори и со хроничните заболувања што ги има.

Во Македонија досега се регистрирани 24 случаи на западнонилска треска, а најфатална беше 2012 со три смртни случаи.

Слично

Поврзани вести