УШТЕ ЕДЕН РЕНОМИРАН ДОКТОР НА ТАПЕТ НА ИЗМАМНИЦИ: Злоупотребен за лажна реклама за продажба на лекови
Познатиот кардиохирург, доктор Маријан Миленковски, е последен во низата доктори, чие име е искористено за продажба на лекови и чаеви, без дозвола.
Тој, како и неговите колеги, чии имиња неодамна беа злоупотребени, на својот Фејсбук профил објави дека на социјалните мрежи кружи наводно интервју со него, кое тој никогаш не го направил.
- Ве замолувам, доколку видите таква реклама, текст, фотографија или интервју за било каков производ (чај, лек итн.), ИГНОРИРАЈТЕ И НЕ КУПУВАЈТЕ - апелираше тој.
Слично
