Уште еден пожар, овојпат гореше објект со трупци во Старо Нагоричане
Пожар имаше и во Старо Нагоричане, близу Куманово каде горел објект во кој имало трупци.
Пожарникарите од Старо Нагоричане вчера гаселе пожар на помошен објект полн со огревни дрва и трупци. Огнот потоа се проширил и ја зафатил околната нискостеблеста шума на површина од три хектари во село Стрезовце, информираше денеска РЦУК – Куманово.
„Го гасеа две екипи со две возила, првично беше локализиран во 19.30, а целосно изгаснат во 21.30 часот, кога се врати и последната екипа“, изјави командирот на ТППЕ – Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.
Пожари имало и на територија на Општина Куманово. Кумановската територијална противпожарна единица(ТППЕ), изминатово деноноќие гасела пожар во месноста „Ливади“ во населбата Карпош, каде горела сува трева и смет. Тие интервенирале и на опожарен автомобил во селото Романовце. Деновиве пожари имаше во беровско, делчевско, виничко, во Скопје и на други места во државата.
foto freepik.com
