Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДЕН ПОЖАР: Изгоре штала од коњички клуб во Неготино

УШТЕ ЕДЕН ПОЖАР: Изгоре штала од коњички клуб во Неготино

Изгоре штала од коњички клуб во Неготино, а коњите се спасени. 

Оваа информација попладнево ја потврди за МИА, командирот на неготинската територијална противпожарна единица, Столе Атанасов. 

„На пожарот интервениравме со три противпожарни возила и осум пожарникари. Огнот е изгасен, но сепак наша екипа е уште на лице место и го проверува теренот. Засега не се знаат причините за пожарот и материјалната штета, дополнително ќе се утврдуваат“, појасни Атанасов.

Цел месец Македонија се бори со пожари кои беснеат во повеќе региони. 

Слично

Поврзани вести