Уште еден починат денеска по сообраќајка, овој пат битолчанец
По двете сообраќајни несреќи во Скопје во кои загинаа велосипедист во Центар и пешак во Железаница, едно лице почина на пат кон болницата, по тежек судар помежу две возила што се случи вчера на патот Битола – Маково, кај селото Логоварди.
– Во несреќата учествувале патничко возило ‘ауди’, управувано од М.А.(34) од Битола и патничко возило ‘голф’, управувано од С.М.(50) од сeлото Логоварди, и двете со битолски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.М. и на пат кон болница починал, гласи денешниот полициски билтен.
Слично
